Македонија изобилува со талентирани деца од сите области, а на музички план ова парче земја преизобилува со вакви таленти. Тука во прв план го ставаме битолското музичко училиште чии успеси на учениците се надалеку познати.
На фестивалот „Златна лира“ кој традиционално секоја година својот концертен подиум го отстапува на младите музички надежи кои со својот талент, елaн и посветеност кон изучувањето и изведбата на музичката уметност придонесуваат кон неопходниот развој и растеж на музичката сцена во нашата држава, настапи Арсениј Ангелески, ученик во Државното музичко училиште во Битола, во класата на проф. д-р Татјана Божиновска, кој како победник на меѓународниот натпревар Охридски бисери 2022 (1 награда во Ц категорија) и изведе целовечерен рецитал во Музејот на револуционерната борба во Скопје.

Првиот успех го стекнува на 51-от државен натпревар на ученици и студенти во Скопје во 2013 година, освојувајќи Прва награда. После тоа реди награда по награда на многубројни натпревари.
Во 2022 настапи како солист со оркестарот на Државното музичко училиште во Битола, по повод 75 годишнината од формирањето на ДМУ Битола.












