Поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески синоќа е спроведен во Прилепскиот затвор за издржување на ефективната затворска казна од 7 години за случајот „Транспортер“. Тој во домашен притвор мина 3 години, со што ќе остане во затвор во следните 4 години.
Неговиот најблизок соработник и поранешен секретар во општината, Слободан Бончановски, од вкупно изречената затворска казна од 5,6 години со пресметаниот притвор му остануваат за издржување уште 2 години. Тој казната ќе ја издржува во затворот во Битола.












