Театарскиот центар од Акре ,Израел ја изведе претставата „Помеѓу“ на Фестивалот на монодрама. Претставата е во режија на Елена Араоз, автор и актер Ибрахим Миари.

На работ меѓу две култури стои Ибрахим Миари, син на татко палестински муслиман и мајка еврејска Израелка. Во ова возбудливо и мотивирачко шоу за еден човек, напишано и изведено од Миари, тој се сеќава на своето детство во Израел и нè внесува во сложеноста и противречностите што го дефинираат неговиот живот „Помеѓу“ два света. Со умешност, духовитост и хумор, Миари ги надминува денешните политички подвојувања и не потсетува на подлабоките внатрешни борби и врски што не поврзуваат сите нас.
Денес на репертоар се претставите:„Соба со поглед“ од Загреб, Хрватска, „Ади“ од Молдавија и „За љубовта и се останато“ претстава од Бугарија.












