На денешната 27 седница на Советот на Општина Битола на која е расправата за ребалансот на буџетот, поднесени се амандмани од советниците од речиси сите советнички групи, најголем дел од СДСМ и Коалицијата и Левица.
Доцна вечерва се одржа и седница на Комисијата за финансии и буџет каде беа гласани овие амандмани. Сите амандмани на комисијата добија зелено светло, но од страна на раководителот на Одделението за буџетска координација и од координаторот на ВМРО ДПМНЕ, беше истакнато дека во голем дел од амандманите не било наведено од каде ќе се обезбедат средствата.
Претседателката на Советот, Габрила Илиевска рече дека тоа сега не е проблем на комисија, а кога ќе се стават на пленарна седница за гласање, тогаш подносителите ќе соопштат од кои ставки се бараат средствата да се пренаменат, односно обезбедат.
По паузата од 30 минути, седницата кусо продолжи со расправија околу тоа дали вака предложените амандмани без да биде посочено од каде ќе се обезбедат средствата, се согласно законот.
Од раководителот на Одделението за буџетска координација Благица Талевска беше истакнато дека законот налага тој што предлага амандман да кажи од каде средствата ќе се обезбедат.
Претседателката на Советот побара цитирање на законот, а потоа прогласи десет минутна пауза.
Седницата продолжи со објаснување за промена на делот на обезбедување на средства на еден од амандманите.
Расправата продолжи со кавга околу тоа од каде ќе се обезбедуваат средства. Илиевска побара од раководителката на Одделението за буџетска координација и координаторот на советничката група на ВМРО ДПМЕН да не му се мешаат во работата на водењето на седницата, а тие реплицираат дека задолжително е да се наведе за секој амандман од каде се предлага да се обезбедат средствата.
Бојкоски побара пауза, Илиевска продолжи со барање за поединчено гласање, по што даде пауза од еден час.
Паузата не траеше еден час, по десетина минути продолжи, Бојкоски повторно бараше пауза, Илиевска не дозволи и рече дека можат да ја пријават во кој инспекторат сакаат.
Породолжи со поединечно гласање, а советниците од ВМРО ДПМНЕ не се изјаснуваат никако по амандманот кој беше сатвен на гласање.
По ова беше даде пауза од пет минути на барање на ВМРО ДПМНЕ.












