Елена Стефановска од Техничкиот факултет и Теодора Силјановска од Факултетот за информатички и компјутерски технологии при универзитетот св. Климент Охридски во Битола се меѓу 15те добитници на признанието за извонредност што го доделува инженерската организација/ институција во државава, а церемонијата е со покровителство на претседателот на државата.

Од кабинетот информираа дека „претседателката Гордана Силјановска Давкова, на церемонија што се одржа на платот пред црквата „Св. Климент и Пантелејмон“-Плаошник, во Охрид го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните студенти кои дипломирал на македонските факултети што негуваат инженерски дисциплини.“
Во своето обраќање на церемонијата на доделување, претседателката Сиљановска Давкова, упатувајќи честитки до добитниците на ова престижно признание, ја нагласи исклучителната важност на инженерството во градењето на нашата држава и нејзиното приспособување на глобалните дигитални трендови.
„Напредната роботика, автоматизацијата на производството и вештачката интелигенција сè повеќе влијаат врз пазарот на трудот. Денеска успехот на државите веќе се мери врз основа на нивната способност да ги искусат придобивките и да ги минимизираат ризиците што со себе ги носи дигиталната економија“, истакна претседателката Сиљановска Давкова.

Од 2004 година наваму, кога добитник на Инженерски прстен беше Весна Нечовска од техничкиот факултет, студентите на битолскиот универзитет имаат 22 инженерски прстени. Прегледот на листата што ја објавува инженерскиот институција на својата интернет страница вели дека доминираат студентските инженери наспроти машките инженери,а особено плодна за Техничкиот факултет била 2015 година, кога од вкупно доделените, дури 4 студенти од овој факултет го добиле признанието.
Наградените се дел од клубот 229 најдобри инженери кои денес се успешни универзитетски професори, научници, професионалци и менаџери во компании, како во земјата така и во странство. Дека признанието е доделено на вистинските, достојни за наградата, во овие 21 година сведочат токму нивните успеси“, рече Христина Спасевска, претседателката на Инженерската институција на Македонија, што заедно со Комората на овластени архитекти и овластени инженери се идејните творци и реализатори на манифестацијата.












