ТЕРА

REKLAMA???

ТОПЛОВОДОТ ПРОДОЛЖУВА ПО „ПАРТИЗАНСКА“, А НА ДРУГАТА СТРАНА СТИГНА ДО ЈАВОР

Изведбата на двата краци на градската мрежа на топлификација се изведуваат според предвидената динамика, вели за Тера директорот на ЕСМ Топлификација, Горан Козаров.

Тој вели дека за секоја позиција, за секое продолжување имаат сообраќајно решение одобрено и од полицијата и од Општина Битола и дека сето тоа се почитува.

Денеска се асфалтираше на јужниот крак од раскрсницата кај Ловец до паркингот кај спортската сала.

„Се продолжува по Партизанска нагоре, цевките таму се од голем обем така што потребен  е поголем временски период за изведба на таа мрежа“ вели Козаров.

Во другиот дел на градот на десниот крак во моментот се пред Јавор и ќе се продолжи нагоре кон кружниот тек.

Тој вели дека и за таму има сообраќајно решени, а за пешачите поставиле монтажни мостови за да можат да влегуваат во пазарот.

За тоа како се одвиваат сега работите и што понатаму објаснува директорот Козаров.