ТЕРА

REKLAMA???

ТОПЛОТО ВРЕМЕ РИЗИЧЕН ФАКТОР ВО СООБРАЌАЈОТ

Општо познат е фактот  дека временските прилики често треба да се разбираат како неприлики. Извештаите од полицијата говорат за сообраќајни незгоди на отворено и низ малите улички во градот  и регионот. И ова не е случај само кај нас, туку во целата држава. Оттука, информацијата за високите температури и УВ зрачења треба да претставува аларм за секој што седнува зад волан.

Безвоздушен простор, со стакна од кои зрачи топлина, вжештена пластика која понекаде и се извиткала и жешки седишта кои ниту на болните со половината не им прават терапија. Вака многумина го опишуваат своето чувство при влез во автомобилите кои со саати биле паркирани на сонце. Пред да се влезе во автомобилите чија температура стигнала и до 60 Целзиуосови степени, треба да се прветри, но и тоа не е доволно за да се биде безбеден. Силното сонце влијае и во текот на возењето.

Според одредени експерти од осигурителни компании, летото е едно од најопасните сезони за возачите, а јули и август, според светската статистика се најсмртоносни. И, тоа се должи на неколку факти поврзани со топлото време и возилата, но и човечкиот оганизам.

Без разлика дали имате лудо брз џип или мала кола, треба да се знае дека екстремните горештини предизвикуваат промени во хемиската структура и на пневматиците, но и сите други гумички и црева во автомобилот и на  металните врски што ги врзуваат. Оттука во лето на сонце секоја од механичките функции може да биде нарушена. А тоа подразбира дека и безбедноста е нарушена.

Деновите на викенди во лето се поопасни од другите сезони, заради поголемиот број возила со многу патници кои ентузијастички одат или прегреани се враќаат од излет. Расеаното возење е голема закана за возачите, дури и повеќе од вообичаеното одвлечено внимание заради телефонски повик на пример. Според осигурителните компании, најголем број фатални сообраќајни незгоди се случуваат меѓу 15.00 и 19.00 часот. Едниот е најжешкиот час, другот пак време на наутички мрак. А возењето може да биде тешко за очите, особено кога сонцето зрачи низ шоферајбната со полна сила. Топлинската исцрпеност подразбира поспаност на возачите, а тоа пак подразбира намалени рефлекси

Се на се, никој не смее да го отфрли влијанието на топлото време, кое без разлика дали се признава или не, врши негативно влијание на се што се движи на жешкиот асфалт.