Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во денешната посета на Општина Битола, беше во посета на установи од детска и социјална заштита кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.
ЈОУДГ „Мајски цвет“ е втората предучилишна установа од оваа општина, која има 7 објекти со капацитет од 650 деца, сите објекти изминатиов период се и внатрешно и надворешно реновирани, 1 објект има целосна реконструкција.
Министерката Тренчевска нагласи дека вложувањето во квалитетен ран детски развој е од големо значење за целокупниот понатамошен развој на младите. Затоа министерството постојано инвестира во изградба на нови детски градинки со цел што поголем опфат на деца во предучилишниот процес.
„Вложуваме и во зајакнување на компетенциите на стручниот кадар во детските градинки. Како Влада и Министерство градиме систем за постојан раст на платите, согласно растот на трошоците на живот и просечната плата. Воспитувачките и негователките ја имаат една од најблагородните професии, тие ја креираат нашата младина, која е иднината на нашата држава, “ рече Тренчевска.
Министерката Тренчевска посети два од групните домови и со стручниот кадар разговараше за придобивките од деинституционализацијата, која овозможи ниту едно дете под 18 години, да биде сместено во институција, туку во нова форма на живеење најблиска на семејната.
Денешната посета на Битола, се заокружи со посетата на Центарот за социјални работи, што воедно беше прилика да се поразговара за имплементацијата на социјалната реформа во делот на правата и услугите кои ги адресираат потребите на граѓаните.
„Грижата за ранливите категории на граѓани е наш приоритет и одговорност. Затоа во континуитет вложуваме во унапредување на нивните права и воведување на нови социјални услуги,“ порача Тренчевска.
Министерството за труд и социјална политика во март ги одзеде ингеренциите на Општина Битола да именува членови во Управните одбори на двете јавни детски установи „Естреја Овадија –Мара“ и „Мајски цвет“ под кои се наоѓаат 16 градинки со околу 1. 400 деца. Таа остакна дека се постапило според законот, а надлежностите се одземени на една година и во тој период министерството ќе управува со тие надлежности.












