По повод 24 мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, комисијата за образование, секторот за образование при Форумот на жени на СДСМ Битола и ЛК СДММ Битола организираа трибина насловена “Предизвикот на младите во образованието”.

Директорката на ДГ “Естреја Овадија Мара”, Лидија Тфирст Митровска, зборуваше за улогата на воспитувачот во воспитно – образовниот процес во раниот и предучилишниот детски развој.
За улогата на наставникот во наставата беа презентирани видеа со Ирена Мацеска, одделенски наставник, Весна Баковска, предметен наставник и Гордана Анастасова, наставник во одделенска настава и поранешен директор во О.У. Климент Охридски, која го презентираше значењето на Еразмус проектите во образованието.

Говорници беа и Роза Јовановска, доктор по педагошки науки и Добри Петровски, долгогодишен професор на Педагошки факултет и поранешен проректор и декан на Педагошки факултет кои зборуваа за образованието денес.
Андреј Гулабовски, претседател на ЛК СДММ Битола, зборуваше за предизвикот на младите во образованието, а младите активисти на СДСМ имаа подготвено презентација за мисијата на Св. Кирил и Методиј.
На трибината стана збор и за состојбите во битолските училишта изминатите години.
Претседателката на комисијата за образование Весна Баковска рече дека има многу да се зборува за битолското образовани и за како што вели на крахот што го доживеаја образованите установи заради недомаќинското работење на ДПМНЕ како локална власт, како и на успесите што ги постигнаа директорите назначени од локалната самоуправа предводена од СДСМ.
Милиони денари се потрошија за одблокирање на сметките во училиштата, за долговите за струја и други комуналии, но сепак училиштата беа успешно менаџирани и долговите исплатени“ рече Баковска.

Заради влогот во битолското образование и трајниот белег што го оставија во училиштата, Комисија за образование им додели благодарници на поранешните директори на битолските училишта, назначени од СДСМ.












