ТЕРА

REKLAMA???

ТРИПУНОВСКИ ГО РАЗРЕШИ ИЛИЕВСКИ, ХРИСТОВСКИ Е НОВИОТ РАКОВОДИТЕЛ

Со решение на министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, деновиве од функцијата раководител на подрачното одделение во Битола разрешен е Методија Илиевски и на негово место Трипуновски за нов раководител го именуваше Стојан Христовски.

Христовски е дипломиран инженер по биотехнологија и со 16 годишно работно искуство во подрачното одделение на министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство во Битола.

Илиевски со ова одделение раководеше скоро 6 години, но по промената на власта тој е разрешен, а министерот Трипуновски како што изјави за Тера, Христовски е раководителот кој ќе биде вистински сервис на земјоделците од овој регион.

Тој исто така вели дека на раководителите во подрачните одделние работата му е на терен со земјоделците, а не во канцелариите, како што и за себе вели дека е министер кој е на терен, а не во министерскиот кабинет и дека така ќе продолжи во неговиот мандат.

Трипуновски најавува и отворање на канцеларии на подрачните одделенија, а во овој случај тоа би биле во општините Новаци и Могила.

Министерот синоќа на покана на градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски беше гостин на „Фестивалот на жетвата“ кој општината го организира со поддршка на министерството за земјоделие.