ТЕРА

REKLAMA???

ТРИПУНОВСКИ: МЕСТОТО НИ Е НА ТЕРЕН СО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ, А НЕ ПО КАНЦЕЛАРИИ

За време на посетата на Новаци, министерот за земјоделие, водостопанство и шумарство Цветан Трипуновски во одговор на новинарски прашања зборуваше за односот кон земјоделците, за подрачните министерства и за новите канцеларии кои се отвораат во руралните општини.

„На денот на гласањето, народот земјоделците си го кажаа својот глас и некого казнија, на други му дадоа шанса. Јас изминатиот период во најголем дел на подрачните единици донесов нови кадровски решенија, бидејќи од постоечките, согласно реакциите од терен кој што сум ги слушнал дека се незадоволни. Знаете дека министерството за земјоделство е едно од најкомплексните и најголемите министерства со преку 40 подрачни единици, со инспекторат, со Агенцијата за финансиска поддршка, советодавните служби. Јас оваа промена која што ја правам  сакам секој началник на подрачната единица да биде мојата продолжена рака во регионот кој што го покрива.

Тука исто имам испратено пораки до новите кои што ги назначив, дека нема да имам извинување, нема да има пардон за никој ако не си ја работите работата согласно правилата, законот и процедурите.

Земјоделите мора да бидат навремено информирани, да бидат услужени, едноставно сервисот на подрачната единица да биде навремен и квалитетен.

Дополнитено во помалите рурални општини каде што немаме подрачни единици, ние веќе отворивме неколку и сме во фаза на отворање на дополнителни, како што ќе отвориме и во  Општина Новаци, затоа што секоја рурална општина заслужува да има подрачна единица на министерството за земјоделство. Таа подрачна ќе биде биде помогната и со кадар од Агенцијата за финансиска поддршка каде што вработени заедно, подрачната и агенцијата ќе имаат пристап до базата на податоци и секој земјоделец, еве ќе го земам пример од Новаци да нема мора да патува до Битола или тој од Могила да патува до Битола, туку тука во канцеларијата која што ќе ја обезбедиме заедно со градоначалникот ќе биде сервис на земјоделците.

Значи едноставно, она што морам јас да го водат како активност во рамките на министерството, треба да покриваат подрачните единици. Јас ќе продолжам да бидам еден од најголемите теренци кои што постои во владата затоа што таков ни е секторот, тоа е моето убедување дека проблемите се помеѓу земјоделците, а тука се и решенијата. Ќе се обидеме да стигнеме до што поголем дел од Македонија, меѓутоа целиот оној кадровски потенција кој што е веќе дел поставен и ќе се поставува на институциите на државно ниво ќе работат согласно правилата во интерес на земјоделците.

Ние мораме да ја враќаме довербата на земјоделците кон институциите. Една од големите причина затоа што во минатото дел од функционерите работеа во удобните канцеларии, никој немаше излезено на терен да праша каква е ситуацијата. Значи едноиставно, нашето министерството треба да биде во постојана комуникацијата со земјоделците“ вели Трипуновски..

Тој кажа дека го сменил и раководителот во Битола.

„Да, има ново решение тука, со овластување за прв момент, кој што заедно со мене е денеска тука. Цврсто ветување дека ќе се работи согласно правилата и процедурите. Да не биде праксата она што изминатите години се случуваше, земјоделците да протестираат пред подрачната, да не бидат услужени, да има недостаток на навремена информација, едноставно оваа комуникација мора да биде на дневна основа согласно правила и процедури“ вели министерот за земјоделие.

Со него беше и новиот раководител.

„Инаку сум 16 години во министерството за земјоделие. На вашето прашање, јас сум теренец, досега работев на држаното земјоделско земјиште и еден од првите кога се спроведуваше косолидацијата во Егри учествував јас, цело време на терен. Повеќе оперативец, отколку в кацелација“ вели новиот раководител на подрачното министерство Стојан Христовски.