Најновата претставата на режисерот Марјан Неќак е со наслов „Убавата Вида “претстава во која тој е композитор и сценограф и е во продукција на театарот Копер Словенија и копродукција со Словенечкиот постојан театар од Трст, Италија. Драматург на претставата е Сташа Прах, кореограф Клемен Јанежич, костимограф Јелена Проковиќ, автор на видео проекција Марин Лукановиќ, светло Марјан Неќак, Вид Принчич и Амар Феризовиќ. Во претставата играат Ања Дрновшек, Рок Матек, Данијел Малалан, Блаж Поповски.

Многу книжевни дела во кои е вграден митот за „Лепа Вида“, (Убавата Вида), сведочат за посебното значење на овој мит за словенечкиот национален идентитет. Се вели дека крие одредени особини и судбоносни пресврти карактеристични за нашата колективна свест и душа, како што се: комплексот копнеж, архетипот на мајката, архетипот на жената, носталгијата, односот кон традицијата, односот кон туѓото и другиот, дури и бунт.

Продукцијата го следи митот во кој Вида е жена, сопруга, мајка и домаќинка која копнее, е храбра и силна и презема одговорност за своите постапки.
Битолчанецот Марјан Неќак ја започна 2023 со повеќе проекти, па така минатата недела престатавата „Дон Жуан“ во режија на Александар Поповски, а во која Неќак е композитор беше претставена во Националниот театар на Унгарија во Будимпешта. Претходно беа соопштени номинациите за 33.то издание на фестивалот на хрватска драма „Денови на Марулиќ“, кое ќе се одржи од 21-ви до 28-ми април во Сплит, на кој во конкуренција е претстава во режија на Марјан Неќак „Кабаре Каспар“, а во изведба и продукција на Словенечкиот народен театар од Љубљана.

Неќак е човек што живее за и од уметноста. Режисер, музичар, сценограф, аранжер, дизајнер на светло, продуцент, композитор .Тој има долгогодишно театарско протфолио зад себе, тука се претстави за Битолскиот театар, другите македонски театри соработувајки со режисери како Владимир Милчин, Љубиша Георгиевски, Мартин Кочовски и други, но неизбежно е да се спомене соработката со театри и режисери надвор од Македонија: Бранко Брезовец и Саша Зуровац, Александар Поповски.
Фотографии:театар Копер Словенија.












