ТЕРА

REKLAMA???

УЛИЦИТЕ ПОД ВОДА, ЗАРАДИ НЕВРЕМЕТО СВИКАН КРИЗНИОТ ШТАБ

Невремето кое попладнево ја зафати Битола предизвика поплавување на дел од улиците во Битола. Вака изгледаше улица „Прилепска“ попладнево за време на врнежите. А слични ситуации имаше и низ други улици, каде водата го отежнуваше нормалното движење.

Во меѓувреме, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски соопшти дека за во 18:00 часот го свика општинскиот кризен штаб по повод интензивните врнежи на дожд кои ја зафатија Битола.

„Општина Битола ќе ги стави на располагање сите расположливи ресури и сум во постојана координација и комуникација со надлежните институции се со цел санирање на последиците од интензивните врнежи на дожд“ вели Коњановски.