ТЕРА

REKLAMA???

УСПЕШНО ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА НА ДЕТСКИОТ ЕВРОСОНГ

Лара, Јован и Ирина имаа одличен настап на Јуниор Евросонг со песната „Животот е пред мене“. Тие пееја десетти на музичкото шоу што се одржува во Ереван, Ерменија. Публиката ги пречека со овации, а ги испрати со силен аплауз. Ова беше јубилејно 20-то по ред издание на јуниорскиот Евросонг, а годинава настапија вкупно 16 земји.

Годинава, 50 отсто од гласовите беа добиени преку онлајн гласање и 50 отсто беа од страна на националните жирија, а благодарение на големиот број гласови од публиката годинава победници се Франција. Претставникот на Франција, Лисандро со рок-песната „Oh, Maman“ ја победи Ерменија и го освои евровизискиот микрофон вечерва на спектакуларното шоу на Детскиот евросонг во Ереван, Ерменија.

Лисандро собра најмногу бодови и од жирито и од онлајн гласањето, вкупно 203, и заврши на првото место пред домаќинот Ерменија која беше втора со 180, и Грузија на третото место со 161 бод.