Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени.
Особено топло утре ќе биде во целава земја, а во петок само во јужните делови кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.

Според информацијата од Управат за хидрометеоролошки работи за утре во Битола е прогнозирана температура до 38 степени.













