ТЕРА

REKLAMA???

УТРЕ ВО МАКЕДОНИЈА ДО 40, ВО БИТОЛА ДО 36 СТЕПЕНИ

Денеска во Битола беа измерени максимални 35 степени.

Во текот на ноќта ведро вереме. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утре сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност, особено во планинските подрачја каде ќе има услови за краткотраен локален дожд.

Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. Утринската во Битола околу 17, а дневната до 36 степени.

УВ индексот 8.

Во вторник, среда и четврток максималните температури во Македонија ќе достигнат и до 39 степени.