ТЕРА

REKLAMA???

УТРЕ И ВТОРНИК СТАБИЛНО ВРЕМЕ, ОД СРЕДА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА

Ова се денешните максимални температури: 13 степни на Попова Шапка, 16 Лазарополе, Крушево, 17 Маврови Анови, 20 Берово, Прилеп, 21 Претор, Битола, 22 Охрид, Крива Паланка, 23 Тетово, 24 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Виница, 25 Демир Капија, Кавадарци, Струмица, 26 Велес, 28 Гевгелија.

Во изминатите 9 часа наврнат воден талог 2 л/м2 во Тополчани, 1 Маврови Анови.

Од изутрина во централните и источните делови имаше зголемена облачност од која понекаде имаше услови за краткотраен дожд. Од пладневните часови вдолж Повардарието засилуваше претежно северен ветер.

До крајот на денот сончево со мала до умерена облачност и со повремено засилен северен ветер вдолж Повардарие. Преку ноќта ветерот ќе слабее и облачноста ќе се намалува.

Утре претежно сончево и значително потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степени.

Прогноза за наредните денови: Утре и во вторник краткотрајно ќе биде постабилно и значително потопло. Во среда попладне ќе биде нестабилно попладне во западните делови, а во деновите кон викендот ќе има услови за пороен дожд проследен со грмежи и засилен ветер и повремено во останатите делови од земјата.