ТЕРА

REKLAMA???

УТРЕ ПОЧНУВА ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ СЕЗОНСКИ ГРИП ВО БИТОЛА

Утре во 07:30 часот започнува вакцинацијата против сезонски грип во Центарот за јавно здравје во Битола. Пристигнати се над 4000 вакцини во првата пратка за ризичната група на граѓани, а има и комерцијални вакцини за останатите заинтересирани граѓани. Директорката на Центарот за јавно здравје др.Елизабета Крстева вели дека има голем интерес кај битолчани за вакцинирање против сезонски грип. Граѓаните со бесплатните вакцини ќе се вакцинираат во две смени од понеделник до петок, а со комерцијаланите вакцини во една смена од понеделник до сабота.

„Утре почнува вакцинацијата во цела држава и со бесплатните вакцини кои ги обезбеди Министерството за здравство и со комерцијалните вакцини кои ги обезбедивме ние. Пријавувањето беше преку порталот неколку дена така што интересот за Битола беше доста голем и веќе за ден- два се пополнија сите термини до петок, така што да не се плашат граѓаните дека нема да има термини, следното доделување на термини ќе биде во петок за од понеделник. Обезбедени се големи количини, многу повеќе од претходните години.Министерството за здравство најави дека се работи за некаде околу 60 илјади бесплатни вакцини на ниво на држава, од кои најверојатно сукцесивно ќе се доставуваат до нас спрема тоа каков ќе биде интересот. Засега имаме некаде над 4000 вакцини само за Центар за јавно здравје Битола. За бесплатните вакцини одредени се термини секој ден од понеделник до петок во две смени од 07:30 часот до 19:00 часот. Опфатени се сите ризични групи, а тоа пред се се повозрасните лица над 65 години, бремените жени, лицата со хронични заболувања помлади од 65 години, децата над 6 месечна возраст до 5 години и здравствените работници. За сите останати заинтересирани граѓани имаме комерцијални вакцини. Тие исто така ќе се даваат секој ден од понеделник до сабота, од 07:30 часот до 14:00 часот“, рече Прим.Д-р. Елизабета Крстева, директор на Центар за јавно здравје Битола.  

Најчестите ризици од грип кај возрасните лица над 65 години се бактериска пневмонија, срцев удар и мозочен удар.Надлежните велат дека вакцинацијата против грип секоја година е најдобриот начин на заштита од грип. Др.Крстева вели дека вакцините се безбедни и ефикасни во намалувањето на ризикот и компликациите асоцирани со грип.

„И годинава исто какао и минатата година се работи за четиритипна вакцина која штити против сезонски грип. Вакцината штити какао од тешки форми на инфекција. Вакцината се препорачува за сите кои во моментот се здрави. Ако во моментот имааат знаци на акутна инфекција, да имаат покачена температура, тие лица што се алергични на јајце не се препорачува да се вакцинираат“, рече др.Крстева.

Доколку има потреба ќе ни бидат доставени дополнителни количини на бесплатни вакцини против сезонски грип, вели др.Крстева. Центарот за јавно здравје ги опфаќа градовите Битола, Ресен, Демир Хисар и Кичево.