ТЕРА

REKLAMA???

УТРОВО ВИСОКО ЗАГАДУВАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА БИТОЛА

Утрово високо загадување во центарот на Битола, покажа мерната станица Битола 2. Високото загадување е со ПМ 2,5 честичките, а средно загадување има со ПМ 10 честичките.

Ова се податоци за состојбата во 09:00 часот.

Во истото време мерната станица Битола 1 во индустрискиот дел на Битола измери средно загадување со ПМ 2,5 честичките и ниско загадување со ПМ 10 честичките.

Станиците за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола утрово во 8 часот регистрираа дека загадување со штетните ПМ 10 честички е под дозволената граница од 50 микрограми на метар кубен и изнесуваше 34,81 микрограм на метар кубен, а на ПМ 2,5 во 9 часот беше над дозволената граница односно изнесуваше 81.88 милиграми на метар кубен.

Утрово високо загадување има во Прилеп и Тетово.