Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава регистрираше земјотрес 74 км југоисточно од Скопје, кој потекнува одепицентралното подрачје Св. Николе – Штип.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресотсе случиво 4 часот и 22 минути со Рихтерова локална магнитуда 2.3 степени и интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината.












