Утрово најстуденот со 0 степени во Битола, Лазарополе, Берово, 1 Попова Шапка, 2 Маврови Анови, Крушево, 3 Охрид, Прилеп, Струмица, 4 Демир Капија, Дебар, Крива Паланка, 5 Тетово, 6 Претор Виница, 7 Штип, 8 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Гевгелија, Куманово.
Во текот на ноќта и изутринава времето беше променливо облачно. На места имаше појава на магла, а во северозападниот дел од земјата слаб локален дожд. Утрово во јужните делови на повеќе места има намалена облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец.
Времето денеска, претпладне на места со појава на слаба магла и ниска облачност. Во текот на денот променливо облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13 степени. Во Битола до 11 степени.












