Утрово 6 степени во Лазарополе, 8 Попова Шапка, 9 Маврови Анови, 12 Крива Паланка, Крушево, Тетово, Битола, 13 Скопје-Петровец, Берово, Претор, Охрид, 14 Прилеп, 15 Куманово, 16 Скопје-Зајчев Рид, 17 Штип, Виница, 18 Струмица, Велес, 19 Демир Капија, Кавадарци, 21 Дојран, Гевгелија.
Во текот на ноќта времето во поголем дел од земјава беше претежно ведро, а во јужните и источните делови променливо облачно. Утрово во поголем дел од земјава е умерено до значително облачно, а само во северните и крајните западни делови е сончево. Дува слаб ветер од северен правец.
Денеска сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието на места ќе засилува. Во јужните делови локално со зголемена облачност.
Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 33 степени. Во Битола до 28 степени.












