Утрово во Битола беа измерени 16 степени, а најтопло беше во Претор со 19 степени.
Во текот на ноќта времето беше претежно ведро, а само наместа имаше преодно мало до умерено наоблачување. Утрово е сончево со мала до умерена локална облачност. Дува слаб ветер од променлив правец.
Времето денеска сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 39 степени. Во Битола до 35 степени.
Денеска со многу висок УВ индекс 9.












