Утрово најстудено со -5 стешени беше во Берово, -4 Битола, -3 Тетово, Струмица, -2 Скопје-Петровец, Штип, -1 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, 0 Крива Паланка, Гевгелија, Прилеп, 1 Лазарополе, 2 Охрид, Претор, 3 Виница, 4 Маврови Анови, Дојран, 7 Крушево.
Во текот на ноќта времето беше ведро, по одделни котлини со појава на магла. Утрово е сончево со мала до умерена облачност, по котлините со појава на магла или ниска облачност со намалена хоризонтална видливост од 50 до 500 метри (Скопје, Тетово, Демир Капија, Струмица).
Денеска претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 16 степени. Во Битола до 13 степени.












