Учениците од Државното музичко училиште во Битола постигнаа извонредни резултати на престижниот „Innsbruck Art & Music Festival Competition 2024“ кој се одржа во Австрија.
Во силната конкуренција на овој меѓународен музички натпревар, нашите талентирани ученици се истакнаа со одлични резултати:
- Кирил Јончевски освои 1-ва награда
- Кристин Ковачевиќ освои 1-ва награда
- Лина Димовска освои 1-ва награда
- Мила Нечовска ја освои Гран при наградата
Овие престижни награди се потврда за високото музичко образование и талентот на учениците од Средното музичко училиште Битола, како на домашната така и на меѓународната сцена.

Фото: Официјален ФБ профил на Државно музичко училиште -Битола












