ТЕРА

REKLAMA???

УЧЕНИЦИТЕ СЕ ВРАТИЈА НА НАСТАВА

Основците и средношколците по продолжениот зимски распуст од денеска се враќаат на настава во второто полугодие од учебната 2022/2023 година.

Распустот беше продолжен со одлука на Владата заради функционалност на училиштата и наместо на 18 јануари почнува денеска.

Најверојатно и учебната година ќе заврши на 14 јуни наместо на 9 јуни затоа што, како што изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, учениците треба да ги одработат сите 180 работни наставни денови утврдени со Календарот за воспитно-образовниот процес во училиштата.