АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола и Средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар потпишаа Меморандум за соработка.
Двете страни, согласно потребите и можностите, ќе соработуваат во областа на стручното образование од електротехничката струка.
Ученици од СОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Демир Хисар ќе изведуваат практична настава и феријална пракса во РЕК Битола со цел стекнување на работно искуство, вештини и способности.













