ТЕРА

REKLAMA???

ФЕСТИВАЛ НА ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА „СМОТРА 10“

Со почеток од 21 часот, како дел од Бит Фест, продолжуваат настаните во Старата битолска чаршија, каде ќе се одржи фестивал на електронска музика во организација на Асоцијација 615.

„По девет непрекинати изданија, обединувајќи ги најдобрите таленти успеавме да изградиме и одржиме фестивал кој претставува дестилатор на најдобрите електронски звуци во Македонија.

Со необичните локации (запуштени објекти во поранешната касарна, старата чаршија, подземни гаражи итн.) и внимателно избрани изведувачи кои настапуваат со енергични ди-џеј сетови и настапи во живо, СМОТРА претставува одлично место за сите перфекционисти и љубители на алтернативната култура.

Овој мултимедијален проект во форма на музички фестивал е креиран од млади ентузијасти со цел да ја децентрализираат електронската музичка сцена и да ги приближат младите до современите уметности“, велат од Асоцијација 615.