ТЕРА

REKLAMA???

ФЛЕШМОБ ЗА „ДЕНОТ НА МЛАДИОТ ЧИТАТЕЛ“

По повод “Денот на младиот читател” , како и промоција и афирмација на германскиот јазик, учениците од Гимназијата “Јосип Броз-Тито” на плоштадот „Магниолија“ организираа флешмоб.

Како што информираат од гимназијата, идејата дојде од самите ученици на часот по германски јазик, кога тие учеа и читаа текстови за флешмоб.

Со поддршка од Младинскиот Совет при Општина Битола и соработка со “Анастасија центар” ја реализираа нивната идеја.

Целта на флешмобот е да се поттикнат учениците да читаат, бидејќи книгата им отвора нови светови, но и да изучуваат странски јазици кои се прозорец кон светот.

Токму затоа избрале стара и многу позната германска песна. Освен тоа, уште на самите проби учениците покажаа одговорност, меѓусебно помагање и емпатија што е многу важно за нив.

Упатија голема благодарност до Општина Битола, “Анастасија Центар”, и козметичкото студио “ИВА” за финансиската поддршка, како и до директорката Лидија Споа и сите вработени во Гимназијата за покажаното разбирање за нашите проби и до нивните професори по германски јазик Ирена Петровска, Нина Илиќ и Марија Стојановска.

Фото: Гимназија „Јосип Броз Тито“