Последната изведена претстава во конуренција на 24.издание на Фестивалот на монодрама во Битола беше претставата „Мистеро Буфо“ на Театар Група, Загреб, Хрватска, во копродукција со Трико Циркус Театар. Оваа претстава е работена по делото на Дарио Фо, во режија на Ли Делонг и во изведба на актерот Дражен Шивак.Тој е мајстор на уметноста, приврзаник на театарската игра. Подговен за многу театарски техники во исто време, вистинити, потресни, смешни, цинични, самоцинични и пред се храбри.

Виртуозното парче „Мистеро Буфо“ е парче кое всушност содржи свој трагичен аспект. Претставата луцидно и бескомпромисно го сецира односот меѓу обичните луѓе и авторитетот, разоткривајќи го лицемерието и човечката потреба да ја префрли одговорноста на другите.
Дражен Шивак (заедно со своите соработници) докажа дека кловнот воопшто не е наивно сценско решение, но дека во многу концепти совршено одговара на впечатокот и пораката што публиката треба да ги носи дома. Актерот Шивак и режисерот Ли Делонг, меѓу деветте монолози на Фо, избраа три кои најдобро го прикажуваат гневот на „малиот човек“ изложен на владеечкиот систем. Оваа претстава е една од најнаградуваните во Хрватска.












