Економско и секакво заживување на преспанскиот дел од македонска и грчка страна очекуваат градоначалниците на градовите блиску граничниот премин Маркова Нога – Герман. Денешното започнување на градежни работи се толкува како едно од малубројните придвижувања на позитивните билатерални релации 7 години по потпишувањето на Преспанскиот договор.

Царинска зграда со придружна инфраструктура, канцеларија на осигурителна компанија, јвани тоалети, резервоар за вода, нова станица за третман на вода кај трафостаницата, три пристапни патишта и паркинг. Се ова треба да бие составен дел од градежните работи кои церемонијално денеска ги започнаа премиерот Христијан Мицковски, евро-амбасадорот Михалис Рокас, постојаниот претставник на УНДП Армен Григхоријан и членови на локалната и централната власт.

Работите, вредни 2 милиони евра, се дел од финансиската програма „ЕУзаПреспа“, кој изнесува вкупно 21,5 милиони евра. Од нив, 18 милиони евра, односно 84% се обезбедени од Европската унија, а остатокот се од националниот буџет. „ЕУзаПреспа“ се спроведува преку 2 договори за придонес потпишани со УНДП.

Опремата треба да ја испорача и инсталира националната царинска управа. Реконструкцијата на полициската зграда ќе биде покриена со дел од програмата Интеррег ИПА Грција –Македонија финансирана од ЕУ (вкупно 7,73 милиони евра, вклучително 1,2 милиони евра од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија и 114,136 евра од општина Ресен), за финансирање на градежните работи од двете страни. Граничниот премин се очекува да биде отворен во 2028 година.

Тоа што ги интересираше македонските новинари е прашањето дали од двете страни на границата интензитетот на работните активности треба да биде идентичен? Крајниот рок за завршување на градежните рабноти е до 2027 година, а од грчка страна сеуште не е довршен 3 километарски пат до преминот.

Со овој настан на високо ниво, како што велат од европската мисија во Скопје се постави нова основа на развојот. Најпрвин заради обичниот физички параметар – Меѓу Маркова Нога и Герман има 5 километри, а со неговото ставаање во функција патувањето се намалува за цели 130 километри колку што на жителите од преспанскиот регион им се потребни за да стигнат до граничниот премин Меџитлија-Ники.












