ТЕРА

REKLAMA???

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ ПО ПОВОД НАЦИОНАЛНИОТ ДЕН НА ВЛАСИТЕ

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски денеска им го честиташе 23 Мај, Националниот ден на Власите на сите припадници од влашката заедница.

„Во мое лично име и во име на Општина Битола, на сите припадници на влашката заедница, Ви го честитам, 23 Мај – Националниот ден на Власите, со желби за добро здравје, љубов и среќа во Вашите семејства.

Влашката заедница низ историјата дала голем придонес во градењето на македонската држава, а нејзиното делување е многу значајно за Битола, посебно во развојот и промоцијата на културата и традиционалните вредности.

Верувам дека и понатаму, како сограѓани и добри соработници, ќе продолжиме заеднички, успешно да соработуваме и да го трасираме патот на напредокот на нашиот град и создавањето подобра иднина за нашата држава.

Нека Ви е честит и за многу години 23 Мај – Националниот ден на Власите!“, се вели во честитката од градоначалникот Коњановски.