Шест земји членки на НАТО, што се соседи на Русија, се согласија да изградат „ѕид од беспилотни летала“ за да ги бранат своите граници од „провокации“, соопшти синоќа литванската влада.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика сојузниците да ги укинат ограничувањата за употреба на оружје од страна на Украина за да напаѓаат воени цели во Русија.
„Мислам дека дојде време сојузниците да размислат дали да укинат некои од ограничувањата што ги воведоа за употребата на оружјето што и го донираа на Украина“, рече Столтенберг во интервју за „Економист“, потсетувајќи на борбите во регионот Харков. „Лишувањето на Украина од можноста да го користи ова оружје против легитимни воени цели на руска територија во голема мера ја комплицира нејзината одбрана“, нагласи тој.
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски повика на долгорочно повторно вооружување на Европа, нагласувајќи дека е за што е можно поголемо вклучување на Велика Британија во одбранбените структури на ЕУ, што е неопходно, како што рече за да се поразат руските империјални амбиции“.
МИА












