ТЕРА

REKLAMA???

ШАЌИРИ: ПОВИСОКИ ПЛАТИ ОД 1 СЕПТЕМВРИ

Со Министерството за финансии, Министерството за образование преговара за процент за усогласување на платите со минималната во државата, што ќе биде дополнителен приход покрај 10-те отсто кои на вработените во образованието, како и на другите во јавниот сектор, ќе им следуваат со Општиот колективен договор.

По најавата за штрајк од Независниот синдикат за образование и наука (НСОН), ресорниот министер Јетон Шаќири порача учениците да не се користат како инструмент поради незадоволството од платите. 

-Нека најдат кој било друг инструмент ако не се задоволни, само тоа да не бидат учениците, а јас како министер кажувам дека од 1 септември ќе имаат повисоки плати, рече Шаќири.

Додаде дека за една година, со сите етапни покачувања, платите на наставниците кумулативно се зголемени 35 проценти и дека тоа не е направено повеќе од 20 години.

-Ќе продолжиме со повисоки плати и од овој 1 септември. Покачување ќе има согласно Општиот колективен договор, како што ќе добијат сите вработени во јавниот сектор, вклучително и образование, и одреден процент кој го преговараме со Министерството за финансии за усогласување со минималната плата. Ако вака продолжиме со новиот модел на Општиот колективен договор, секоја година ќе се добиваат повисоки плати, истакна Шаќири.