Во 76 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 4, 9, 15, 16, 19, 23 и 33. Извлечено беше и црвеното топче кое што ги дуплираше добивките. Добивка со седум погодоци немаше, а извлечени беа две шестки секоја од нив вредна по 302.917,50 денари.
Фондот за седумка за следното коло изнесува 10.000.000 денари.
На играта џокер извлечени беа следните броеви: 7, 5, 1, 6, 2, 5. На џокерот добивка со шест погодоци немаше, а имаше една петка вредна 31.947,00 денари.
Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци на џокерот во следното коло изнесува 4.559.000 денари.












