ТЕРА

REKLAMA???

ШОЛЦ ГАРАНТИРА ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВИ БИЛАТЕРАЛНИ БАРАЊА НА ПАТОТ КОН ЕУ

„Јасно е договорено и треба така да биде, пристапниот процес ќе биде редовен согласно правилата на ЕУ. Тоа се работи кои се напишани на хартија и нема да има нови барања што се однесува до билатералната состојба. За тоа јас гарантирам“ изјави германскиот канцелар Олаф Шолц на прес-конференција со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Тој додаде дека Германија сериозно ја сфаќа ЕУ перспективата на државите од Западен Балкан, а особено на Северна Македонија за која имаат голема почит за македонскиот идентитет, јазик и историја, како и за напорите што земјава ги прави на патот кон ЕУ.

„Сега е од централно значење промената на уставот, од тоа зависат многу работи, знам дека не е едноставен чекор, но е потребен за да се ослободи патот за пристапниот процес во ЕУ. Оттука сакам да ја охрабрам Северна Македонија да продолжи по патот на реформите. Реформите не се апстрактни барања, уште од сега имаат позитивни влијание за граѓаните“ потенцираше Шолц.

Македонскиот премиер истакна дека е благодарен на Германија што секојдневно и во пракса ја покажува искажаната целосна и недвосмислена поддршка на земјава во евроинтеграцискиот процес.

„Од голема важност за нас е тоа што со Резулуцијата оддавате длабока почит на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја. Особено сум горд што Сојузна Република Германија, во Северна Македонија гледа земја која се залага преку дијалог, почитување на принципите и темелните вредности на Европската Унија, на меѓународното право, да ги надмине сите предизвици. Со усвоената Резулуција ни давате дополнителен поттик за натамошно интензивирање на реформската агенда во сите сфери во нашето општество“ рече Ковачевски.