ВМРО ДПМНЕ со реакција на прес конференциите на СДСМ околу амандманите со кои се бараат пари за проекти во Битола.
„СДС изминативе неколку дена со лажна загриженост за ребалансот на буџетот на Општина Битола преку неколку прес-конференции го потврдија она во што се најдобри: лаги, манипулации и незнаење.
Советниците од СДС од кои некои се и по неколку мандати членови на Советот, на седницата на совет предлагаа амандмани за измени на Буџетот, без да кажат од кои ставки земаат финансиски средства а во кои се додаваат. Дел од предложените амандмани се со проценети вредности кои се далеку од реалните и амандмани за кои има проекти но истите кога СДС беше власт ги заборавиле во некои од фиоките, а за некои амандмани воопшто не постојат проекти.
Жално е за партија како СДС да има советници кои воопшто не ги познаваат процедурите во Советот на Општина Битола.
Затоа и вашиот мандат беше краток како власт но бидете сигурни дека вашиот мандат како опозиција ќе биде доста долг“ рече советникот од ВМРО ДПМНЕ, Ѓорѓи Ѓоргиевски.












