ТЕРА

REKLAMA???

ЈАВНИ ПОВИЦИ ЗА ФИНАНСИСКА ПОМОШ НА СПОРТИСТИ, КЛУБОВИ, ЗДРУЖЕНИЈА, ФОНДАЦИИ

Општина Битола, го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општината на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2022 година.

Финансиската поддршка за овој повик, согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2022 изнесува 1.500.000,00 денари  за спортски клубови/спортски здруженија и 500.000,00 денари за индивидуални спортисти. Начинот на аплицирање и условите кои треба да ги исполнуваат апликантите се достапни на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/jave-povik-sportski-klubovi-sportski-zdruzenija/.

Покрај овој повик, на веб страната на општината на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-zdruzenija-i-fondacii/, објавен е и јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2022 година. Средствата од овој повик, ќе бидат доделени за проекти во приоритетните области и цели кои се однесуваат на локален економски развој, образование, култура, еднакви можности, здравство и екологија. Вкупниот буџет за повикот изнесува 1.000.000, 00 денари.

Критериумите и условите кои треба да ги исполнуваат апликантите, се наведени во јавните повици, а рокот за пријавување е до 26.05.2022 година.