За вторник 9 јули закажана е редовната 42 седница на Советот на Општина Битола. Претходно, ќе се одржат и седниците на комисиите. Така денеска беше договорено на координацијата во Советот.
На пленарната седница прва точка е измената и дополнувањето на буџетот за 2024 година, односно ребалансот.
Како точка на дневниот ред и програмата за измена и дополнување на програмата за субвенционирање на јавните претпријатија. А, потоа програмата за јавно осветлување, за одржување комунални објекти и програмата за измена на програмата за уредување на градежното земјиште.
Ќе се дискутира и за развојната програма 2024-2026, економскиот развој, социјалната заштита, еднакви можости, културата, спортот и младите, образованието.
Измените на програмите доаѓаат следствено на ребаласот на буџетот.
Пред советниците треба да се најде и решението за давање согласност на одлуката за имена и дополнување на ценовникот за изведување на градежни работи на „Нискоградба“ за потребите на Општина Битола.
Ќе се расправа и за годишните планови за вработување во десет основни училишта за 2025 година.
Ова се очекува да биде последна седница на Советот пред летната пауза која за нив почнува на 15 јули.












