ТЕРА

REKLAMA???

ЌЕ СЕ ПРСКА И ВО НОВАЦИ И ВО ДЕМИР ХИСАР

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Битола за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на град Битола, како општа противепидемиска мерка, денеска екипа на Центарот за јавно здравје – Битола ја спроведува ларвицидната превентивна теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на ларвните облици на комарците.

Запрашувањето се вршеше во предпладневните часови, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило.

Од Центарот за јавно здравје информираа дека со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојни води, бари, мочурливи површини под вегетација, одводни канали во градското подрачје и периферијата на градот кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците, предвидени со оперативниот план и програма доставени до Општина Битола.

Од таму информираат дека ваква дезинсекција со цел уништување на ларвните облици на комарците ќе извршат и во општините Новаци и Демир Хисар. 

Дезинсекцијата во Новаци ќе биде во понеделник на 10 јули, а во Демир Хисар во вторник и среда, односно на 11 и 12 јули. 

Запрашувањето во Новаци ќе се врши во претпладневните часови а со дезинсекцијата ќе бидат опфатени застојни води, бари, течението на река Црна, мочурливи површини под вегатација, одводни канали кои се мапирани на теренот како потенцијални места за развој на ларвените облици на комарците, предвидени со планот и програмата доставени до општина Новаци. 

Во Општина Демир Хисар запрашувањето ќе се врши од 21 до 4 часот наутро со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се извршуваат во вечерните часови на возилопто со апаратурата ќе му претходи друго возило означено со ротационо светло. Со дезинсекцијата во општина Демир Хисар ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјата по течението на реките и водотеците, застојни води и подрачјата околу каналниот системна територија на општина Демир Хисар, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Во случај на појава на неповолни временски услови коко ветер, дожд, дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, информираат од Центарот за јавно здравје од Битола.