ТЕРА

REKLAMA???

АКО УДРИТЕ ВО ДУПКА – ОПШТИНАТА ТРЕБА ДА ВЕ ОБЕШТЕТИ ( АНКЕТА )

Континуираните работи низ одредени улици во градот предизвијуваат оштетување на улиците , сообраќајниците по кои се минува често. Ненавременото санирање прeдизвикува проблеми во секојдневието на граѓаните. Особено возачите.

Госпоѓата не е единствената којашто неверувајќи на институциите, се вратила дома и сама го подмирила трошокот за поправка на своето превозно средство. Денеска направивме куса анкета со Битолчани, дали знаат дека од општината може да побараат обештетување доколку заради ударни дупки или друга несанирана состојба претпрат материјална штета?

Има и граѓани кои не знаат иако поседуваат возило и секојдневно се движат по коловози со многубројни ударни дупки.

Некои не пристапуваат кон процедурата затоа што е деолга

А некои ја знаат процедурата, но сепак се надеваат на добра среќа.

Некои граѓани денеска ни кажуваа дека имале проблеми во докажување чија е улицата – дали е на општината или пак е регионален пат.

Во секој случај, каде и да се обраќате, процедурата вели по настанот треба да ја сликате ударната дупка од сите страни, заедно со оштетувањето на возилото – дали е тоа бандж, гума, браник, да ја сликате и положбата на возилото на патот заедно со вашите регистерски таблички , да забележите датум и време , локација – улицата и околните броеви на објектите, и , се препорачува да повикате полиција затоа што многу помага – полицијата е должна да издаде Записник за сообраќајна незгода, што е клучен доказ во вашето докажување на правото за обештетување.