ТЕРА

REKLAMA???

АНГЛИЈА ЈА ИМА НАЈВРЕДНАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО

Институтот за фудбалски стражувања објави анализа на селекциите кои имаат најголема проценета вредност. Прва листата е селекцијата на Англија чии фудбалери според моменталната вредност на пазарот се проценува на сума од 1,5 милијарди евра. Веднаш зад Гордиот Албион е Бразил за кој се смета дека вкупната вредност на играчите е 1,45 милијарди, а трета е Франција с 1,3 милијарди евра.

Магичната граница од милијарда ја надминуваат уште Шпанија, Португалија и Германија. Далеку зад водечката шесторка е Холандија со вредност од 756 милиони, а потоа следува Аргентина со 748.

На дното е селекцијата на Костарика кој се проценува на скромни 23 милиони, а шест повеќе вреди репрезентацијата на домаќинот Катар. На двоцифрена сума се проценети уште националните тимови на Тунис, Иран, Саудиска Арабија и Австралија.

Вкупната вредност на сите фудбалери што ќе настапат на Светскиот куп е проценета на 15 милијарди евра.