ТЕРА

REKLAMA???

БАРАЊЕ ЗА ИТНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА СЛИКА И ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ ОД СДСМ БИТОЛА ПОРАДИ КРАДЕЊЕ НА МЕДИУМСКИ ТРУД

СДСМ Битола во својата објава на ден 15.09.2026 година, на официјалната Фејсбук страница на „СДСМ Битола“, во рамки на партиска објава поврзана со ЈП „Комуналец“, неовластено презеде и искористен оригинален визуелен инфографик (дизајн и графички приказ на податоци) изработен од страна на професионалниот тим на ТВ ТЕРА, првично објавен на нашите медиумски канали во јуни 2026 година.

Со ваквиот потег, очигледно е дека или воопшто немале претстава како ваквото однесување ќе изгледа во очите на пошироката публика, или пак намерно се обидуваат на овој начин манипулативно да прикажат некаква измислена блискост со медиумот, што е тотална лага и политички аматеризам.

Како медиум вложуваме сопствен труд, време, знаење и професионализам за вистината да стигне до граѓаните на транспарентен начин. Но, за СДСМ Битола очигледно е најлесно безобразно да направат „copy-paste“, да го украдат туѓиот интелектуален труд и да се китат со туѓи перја за потребите на дневните партиски препукувања.Прашањето до нив е едноставно и логично: Ако уште отсега, од опозиција, не сте способни да креирате една обична визуелизација туку ја крадете од медиумите, што да очекуваат граѓаните од вас утре?Со вакви очајнички постапки, вие дефинитивно докажувате дека НЕ СТЕ никаква подобра алтернатива од ова што го имаме сега во Битола. Напротив, покажувате тотално отсуство на капацитет, креативност и основна политичка култура.

Политичката борба бара интегритет и реални решенија, а не плагијаторство и шверцување туѓ труд. Наместо да глумите загриженост со туѓи графикони, покажете барем трошка достоинство.

Бараме итно јавно извинување и отстранување на нашиот графички преглед од вашата партиска страница!