ТЕРА

REKLAMA???

БАС ЈА РЕАЛИЗИРА 8та МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

По 8 пат Бизнис Академија Смилевски ја одржa меѓународната научна конференција „Современите менаџерски производи и организациските науки“ со посебен тематски фокус „Образованието во глобалните мега трендови“.  Зборувавме и со дел од панелистите за нивните сфери на интерес за оваа научна конференција.

Научната конференција што ја реализира Бизнис Академија Смилевски годинава нуди 40 трудови кои ќе бидат презентирани во секции и на пленарниот дел од конференцијата. За тематскиот фокус заборувавме со проф. д-р Лидија Стефановска, претседател на организацискиот одбор.

 

„Станува збор за еден тематски фокус кој навистина беше предизвик за нас , затоа што сите ние кои работиме во високото образование сме под една креативна тензија , се случуваат вртогави промени во окружувањето од типот на вештачја интелигенцијадигитализација, зелена транзиција , еве сега и транзицијата кон индустријата 5.0 , па сето тоа кај нас предизвикува некој механизам на преиспитување, дали се тоа што го генерираме како знаење е атрактивно за нашите студенти да бидат современи на пазарот на трудот. “

Освен од Македонија, учесници има и од Германија, Унгарија, Коорганизаторот на годинешната конференција Универзитетот на Западна Македонија од Грција. Трудовите даваат ново светло на секојдневитет, потребите и насоките кон кои општествата се движат, сакале или не, а по завршувањето на конференцијата ќе бидат објавени во Зборник што ќе го издаде БАС:

„Голем дел од трудовите се однесуваат на зелената транзиција на дигитализацијата исто така на примената на вештачката интелигенција . Имаме една  посебна секција во која авторите пишуваат за различни теми така што оставивме простор и за нивно слободно изразување.“

Проф. Ѓерѓ  Хорват е родум од Србија, работи 20 години во Германија во Институтот за иновации и иновациски системи во Карлсруе.

Вели „На оваа конференција ќе зборувам за транзицијата од т.н Инсдустрија 4.0 која се базира на дигитализација на индустријата во т.н Индустрија 5.0 која се фокусира на зелена и на дигитална трансформација и на работната сила како компетенции на работната сила и комплементарност со технилогиите .“

Ова, продолжува тој во нашиот разговор,Индустрија 5.0  не значи дека роботи ќе ја копаат нивата, тоа е Роботика, во Индустриката 5.0 – ако се работи овде во овој регион како што е битола интересна е дигитализацијата во агро-бизнис областа. „  Тоа значи дека, на приме, ако зборуваме за овој регион, фармерите кои произведуваат биопроизводи – здрава храна во иднина ќе можат не само да ја произведуваат таа здрава храна туку и на светот да му покажат дека тие ја поседуваат таа здрава храна. Е таа здрава храна е т.н „дигитализирана“ , и нивите и секој производ што ќе го продаваат. Па точно ќе се знае,на пример, ако јас во Германија купам некој производ од Битола јас ќе можам да знам преку тие дигитални можности кои ми се нудат, од каде дошол производот, кој го произвел, колку време бил на лагер, кога бил собран на нивата, со што бил третиран  што е едно од најважните теми на сегашноста, да не користиме затруена храна туку здрава храна, а се тоа зависи од тоа да се вратиме назад до фармерот и неговите информации. Тоа е невозможно без тие технологии. “

Македонскиот предизвик кога се работи за образованието (и општеството н.з) е мерит системот – треба да се поседува како знаење и принцип, вели професорот Мерсел Биљаљи, еден од панелистите на конференцијата .

„Темата е интересна- образаованието во рамките на глобаните трендови. Ние како општество како држава не можеме многу да се пофалиме , партизацијата практично го убива натпреварот или натпреварувачкиот дух во однос на тоа што бараат студентите, учениците. Оттука , да се придонесе колку што може да се инсталира сериозно и функционално мерит систем.  Содржината на мерит системот е извесноста. Унапред вие знаете нешто на што претендирате дали ќе успеете за тоа или не. Ако тоа зависи од фиктивни или манипулативни комисии, од нивна волја или што /како може таа волја да е форсирана тогаш не се работи за мерит систем.“ и додаде…

…„Тоа е систем на заслуги, вие сте тука затоа што заслужувате не затоа што некој сака или некој ќе ве изгласа. За мерит системот не се гласа тоа само се контролира , комисиите постојат за да се контролира, да се одвива процесот природно, а не да се пренесе некаква волја на поединци. Без мерит систем на ниту една држава во светот не и успеало. Земете го примерот на Кина, која веројатно била катастрофа во однос на поранешна Југославија. Но таа со мерит систем направила економски бум , а стартувала од здравото образование. Ако го имате определено, за десетина години имате здраво, функционално општество. Без тоа и здравото општество тотално ќе се сруши.“

Бизнис Академија Смилевски соработувал со Универзитетот на Западна Македонија во Грција на бројни европски – ИПА проекти, не информираеше Стефановска. А тие имаат одговорна улога во енергетската транзиција која на Грција и ги затвора рударско-енергетските централи во 2028 година, ни рече проф.д-р Николас Шарисиу.

„Ќе зборувам за многу важната улога што Универзитетот на Западна Македонија во Кожани ќе ја игра во транзицијата на регионот кон економија слободна од јагленот. Можеби сте слушнале регионот Западна Македонија во Грцција минува низ процесот на транзиција. Нашата економија беше базирана на термоцентралите на лигнит, а  до 2028 година тие мора да се затворат. Затоа ние мора да развиеме идеи за алтернативни решенија за нашата економија , а во тој процес Универзитетот   УВМ  има  многу важна улога.

Но, на прашањето која е вистинската улога што ја презел Универзитетот, воздивнувајќи рече :

„Пред една година нашиот премиер Константинос Мицотакис го посети нашиот универзитет и во текот на говорот го рече следното „ Ако регионот немаше Универзитет , за енергетската транзиција , Универзитет би требало да биде создаден.“ Тоа подразбира дека ние сме на фронталната линија на сите случувања: зелена енергија, иновации, ќе функционираме како технолошки ХАБ, се надевам дека нови компании ќе доаѓаат да инвестираат, спин-офф компании со иновативни идеи и производи, Вештачка Интелигенција, роботика … се .

А за македонските стравувања од економскиот колапс при енергетска транзиција,вели

„Ние го имаме истиот проблем. За Грција , за регионот нЗападна Македонија  економијата се потпираше на јагленот во последните 70 години. Тоа е три генерации луѓе кои во својот живот се потпирале на таа економија. И за нас транзицијата е тешка, но, мора да се направи! Мора да најдеме креативни солуции, заедно. Ние не сме само соседи, нашите региони се базирани на истиот принцип и затоа решенијата мора да бидат заеднички. “

Оваа меѓународна научна конференција веќе деценија претставува место на средба за Размена на нови идеи и пристапи кон определени менаџерски предизвици поврзани со конкурентноста, преку презентирање
на резултатите од современите научни истражувања во областа на организациските науки и менаџментот, економијата, информатичките науки и образованието. Во предконференцискиот период пак, направен бил тим кој ќе работи на брендирање на здравата храна од Пелагонија.