Во рамките на кампањата за внатрепартиските избори во СДСМ, синоќа во Битола беше најавено заедничко претставување на кандидатите за иден претседател на СДСМ.
Пред присустните членови на битолската СДСМ во пациото на Завод и Музеј се претставија двајца од четворицата кандидати, Венко Филипче и Александар Бајдевски.

На претставувањето не беа другите два кандидати Славјанка Петровска и Јован Деспотовски.
За причините за поразот на двојните избори кандидатот Бајдевски вели катастрофален пораз најголем во историјата од нивното постоење. А, причините ги дела на два дела, перцепцијата за евроинтеграциите и коалициониот партнер на тогашната влада.
„Една голема причина за таквиот пораз е идеолошката причина. Идеоалошката причина ја гледам во тоа што создадовме перцепција кај граѓаните во делот на нашето интегрирање во Европската унија и во Договорот за добрососедство со Бугарија, дека СДСМ на некој начин се откажува од своите позиции, се откажува од својот долг корен, се откажува од АСНОМ, се откажува од илинденците, се откажува од партизаните. Видовме дека нашиот политички конкурент кој што излезе од нашата партија господинот Максим Димитриевски и неговата партија ЗНАМ на тие две прашања освоија повеќе од 80.000 гласови, гласови кои што беа лево ориентирани. Другиот дел на причините за ваквиот пораз на СДСМ ги гледам во тоа што дека граѓаните создадоа перцепција дека со владата не раководи СДСМ, туку раководи нашиот политички сојузник во тој момент ДУИ“ вели кандидатот Александар Бајдевски.

Смета дека имале несоодветна кадровска понуда на последните избори и смета дека требало да биде подобра.
„Исто така тука би ги навел и одредени причини во однос на послаба испорака на одредени резултати, зголемена корупција и недоволна борба против истата. Тоа се се елемети за кои ние во изминатиот период требаше многу повеќе да работиме и да имаме еден посериозен присатап во однос на решавањето на тие работи“ вели Бајдевски.
На прашањето како ќе ја промени СДСМ ако ја добие довербата вели дека не верува тој во чуда, туку во многу работа.
„Се чувствувам и должен во овој момент кога на партијата и е најтешко, да покажам храброст и да излезам со одредена програма пред членовите и да ја побарам нивната поддршка и заедно ја вратиме партијата онаму каде што и е местото, онаму каде заслужува. Мојата програма е сеопфатна, во истата има неколку елементи на кои што обврнувам внимание. Првата точка е идеологијата, за мене многу важна, давам големо значење на организациската поставеност на партијата, општественото делување на социјалдемократскиот сојуз во наредниот период, коалициониот капацитет и нормално меѓународната соработка“ вели тој.

Го прашавме и за актуелните предизборни кавги кои се случуваат во паријата пред неделното гласање.
„На седницата на Централниот одбор на партијата јас имав едно можеби различно мислење од мнозинството, бидејќи се донесе одлуката да биде изборот на нов претседател на 30 јуни, јас сметав дека можеби треба да оставиме малку време, дека треба малку посериозно да разговараме во партијата, да го одржиме отчетниот конгрес, да видиме каде згрешивме, да донесеме соодветни заклучоци, да ги посетиме сите наши општински организации во овие неколку месеци, да го слушнеме гласот на членовите и да речеме во септември месец да преминевме кон избор на претседател на партијата“ рече Бајдевски.

На ова претставување присутно беше и раководството на битолската СДСМ, советници од советот, а во првиот ред и координаторот на СДСМ во советот на Општина Битола Методија Илиевски.













