Од Европа, преку Македонија, до Соединетите Американски Држави – македонската заедница испраќа порака за заедништво и одбележување на Денот на независноста.
Прославата започна на 6 септември во Малме, Шведска, каде македонската заедница го одбележа празникот со пловидба по каналите на градот. Македонски знамиња, музика и присуство на македонската заедница го одбележаа настанот.
Празничната приказна продолжува и преку Атлантикот.
На 26 септември во Њујорк е најавена свечена церемонија на која ќе биде подигнато македонското знаме, како дел од одбележувањето на Денот на независноста.
Малме, Скопје и Њујорк – три градови на три различни страни од светот, поврзани со еден датум и еден симбол.
Од Обединетата Македонска Дијаспора велат дека илјадници километри не се пречка за заедничко одбележување на празникот.
35 години независност – години исполнети со предизвици, истрајност и надеж.
Каде и да живеат, пораката на македонските иселеници е дека татковината останува дел од нивниот идентитет и сеќавање.











