ТЕРА

REKLAMA???

Oштетено и занемарено детско игралиште во градскиот парк

Eдно од препознатливите и најпосетувани места во градот, простор кој со децении е дел од секојдневието на битолчани е предмет на граѓанска реакција. Детскиот парк во градскиот парк деновиве е оштетено детско игралиште и наместо симбол на уредена и безбедна градска средина остава впечаток на занемареност.
Градскиот битолски парк, осмислен и изграден уште пред два века, често е причина за манифестирана горделивост на битолчани пред другите градови. Но, зеленилото и верверичките кои се вратија не е единствената слика којашто треба да се види, ниту (не) осветленоста во ноќните часови.
Најпосетен простор и од битолчани и од туристите кои доаѓаат секако е и најстарото детско игралиште, веднаш спроти објектите кои како содржина имаат различни намена.
Од сликите кои стигнаа во ТЕРА ТВ , детското игралиште е сериозно оштетено и отвора прашањето дали во ваква состојба воопшто е безбедно за користење?
На платформите за качување и движење недостасуваат дрвени штици, оставајќи големи отвори низ кои детските нозе можат да пропаднат или да се заглават. Скалите се исто така во лоша состојба. Дрвото е распукано и оштетено, со испакнати трески кои можат да предизвикаат повреди. Оштетена е и пластичната заштита. Дел од панелите се искршени, со остри рабови, а површините се дополнително ишарани со графити. Металните столбови се со излупена и оштетена боја, додека дрвените делови покажуваат траги од абење и вандализам. Иако гумената заштитна подлога е релативно сочувана, околу конструкцијата има отворени дупки, оштетувања и често, насобран отпад. И платнените ( јажињата ) делови се искинати.
Не треба да се спомене дека секој елемент што недостасува е потенцијална опасност за децата.
До крајот на оваа информација уште само податокот дека за одржување на јавните површини и игралишта во Битола надлежни се ЈКП „Комуналец”, општинскиот сектор за комунални дејности, животна средина и сообраќај и комуналниот инспекторат.
Овојпат нема да бараме информација од надлежните кога последен пат била направена инспекциска прошетка, можеби надлежните ќе направат констатација на состојбата и можеби игралиштето ќе биде санирано. Брзо.