ТЕРА

REKLAMA???

БАЈДЕН СЕ СОПНА И ПАДНА НА ЈАВЕН НАСТАН

Американскиот претседател Џо Бајден се сопна и падна откако ја врачи последната диплома на церемонијата на дипломирање на американската академија на воздухопловните сили.

80-годишниот американски претседател брзо се крена на едно колено, вели Ројтерс, со помош на три лица, и се врати на своето место.

Директорот за комуникации на Белата куќа Бен ЛаБолт на Твитер објави дека Бајден е добро.

Бајден се кандидира за реизбор во 2024 година. Лекарите го прогласија за здрав и способен за должност по физичкиот преглед во февруари.