ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛСКИТЕ ПЕШАЧКИ ПРЕМИНИ-НЕВИДЛИВИ СО ЕВРОПСКИ БОИ

Додека повеќе од половина од македонските општини воопшто не распишале тендери за хоризонтална сигнализација во периодот од 2023 до 2025 година, Битола се издвојува како еден од позитивните примери. Барем на хартија. Но, дали европските стандарди што се бараат во тендерите навистина се гледаат и на асфалтот?

Најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации за трошењето на јавните пари за пешачки премини, велосипедски патеки и друга хоризонтална сигнализација покажува две различни слики. Едната е онаа во тендерската документација, а другата е онаа што секојдневно ја гледаат пешаците.

Од вкупно 81 општина во државата, 46 немале ниту еден тендер за хоризонтална сигнализација во тригодишниот период, иако во нив живеат околу 560.000 граѓани. Тоа значи дека илјадници пешаци секојдневно се движат по улици на кои безбедноста не била „предмет на јавна набавка“.
И во ваквата слика, Битола е позитивниот исклучок.

Центарот за граѓански комуникации ја издвојува како една од ретките општини чија тендерска документација бара исполнување на највисоките европски стандарди за квалитет на бојата и нејзината издржливост. Општината, преку ЈППЈЛП „Паркинзи“ набавило 15.000 килограми бела боја, веднаш зад Скопје со 30.000 килограми.

Но, по онаа народната за бабата и трапот, премините и хоризонталната сигналиција во градот не ги покажуваат очекувањата кои се наметнуваат кога се има предзнакот „европски стандарди“. Граѓаните често реагираат дека кога треба да се премине улица, пешачките премини не се гледаат.

Куса прошетка низ градот деновиве ќе ве исправи пред невидлива сообраќајна сигнализација, возачи на автомобили кои возат напамет, бледи пешачки премини и, екипи на претпријатието задолжено и за нивно одржуавње.

Булеварот „1 Мај“, на „Партизанска“, кај Новиот пазар, околу Клиничката болница, пред училиштата, градинките и бројните споредни улици, граѓаните најдобро знаат каде белите линии сè уште ја исполнуваат својата функција, а каде веќе станале само сенка од некогашниот премин. Особено впечатливи се дел од пешачките премини во споредните улици кои беа обновени пролетва. Денес, само неколку месеци подоцна, на дел од нив белата боја веќе видливо избледува.

Темата не е нова во градот. Напротив. Но досега нема информации колку долго треба да трае бојата што се купува со парите на граѓаните. Теоретичарите на сообраќај и различните независни и експерти од производителите на боја велат дека зависи од квалитетот на материјалот, контролата на изведбата,начинот на нанесување на бојата, интензитетот на сообраќајот…. а позитивните оценки се поврзани со анализата по колку месеци пешачките премини се бојосувале повторно. Теоретичарите велат на улици со мал сообраќај , бојата треба да трае 18 до 24 месеци, на улици со среден сообраќај-приближно 12 до 18 месеци, а на многу фреквентните булевари и раскрсници , 6-12 месеци.

Улиците во Битола, барем засега покажуваат дека позитивниот пример е само на хартија, во тендерот, а помалку во праксата.