ТЕРА

REKLAMA???

БОГАТА КОНЦЕРТНА СЕЗОНА НА АВАЛОН

Авалон продукција со богата програма за оваа сезона. Пред неколку денови на прес конференцијата го најавија гостувањето на легендарните Deep Purple, но тоа беше само најава за концертната сезона за оваа година. После две години паузза, одржувањето на концертите и фестивалите продолжува со исто темпо како и претходно. Тука се концертите на WHITESNAKE, Тиесто, Стинг, Масимо, Дајте музика на 27.05 на Стадионот на АРМ- Скопје, Deep Purple на 28.05, Стадион на АРМ- Скопје

Поради технички причини концертот на Масимо во Скопје се одложува.

„Имено, поради обемот на опрема која ја носат Deep Purple со себе, немаме време бината и опремата да ја адаптираме за нов концерт во недела навечер, како и за потребите на концерт од типот на тој на Massimo. Поради тоа, приморани сме да го одложиме концертот и да го замениме за 2-3 концерта во МОБ во ноември/декември“, истакна Ивана Нолчева, потпаролот на Авалон.

Следува настапот на Тиесто на 16 ти, и секако тука е годинешното издание на Ohrid calling фестивалот.

„Драга OHRID CALLING Армијо, бидејќи многумина од вас прашуваат за да испланираат кои ќе бидат точните датуми за вашиот омилен фестивал OHRID CALLING, сакаме да ве информираме дека фестивалот ќе се случи во веќе востановениот бастион на добрата забава и електронска музика- Касарна- Охрид од 29ти јули до 01ви август“, додаде Ивана. 

Концертот на Стинг ќе се одржи во октомври во Сараево.